Достапни линкови

logo-print

Над 80 милиони евра за јавни набавки во четири очи


Ukraine -- The campaign against corruption in the tender procurement, Kyiv, 12Mar2012

Ukraine -- The campaign against corruption in the tender procurement, Kyiv, 12Mar2012

Транспарентноста на трошењето на јавните пари не им е приоритет на дел од институциите, забележува Центарот за граѓански комуникации.

Преку постапката за преговарање без објавување оглас биле склучени 1368 договори во вредност од околу 81 милиони евра изминатата година, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Во извештајот е нотирано и дека транспарентноста на трошењето на јавните пари не им е приоритет на дел од институциите. Сабина Факиќ од Центарот вели дека Законот за јавни набавки не предвидува санкции со цел да се истражуваат конкретни постапки.
Навистина е нејасно што е тоа што институциите не можеле однапред да го предвидат за да објават оглас, туку морале да одат на директно преговарање.

„Ни во случај кога институциите примениле постапка со преговарање без објавување оглас за евентуално да се докаже некаква намера или злоупотреба на законот и на тој начин тие да бидат казнети. Значи таков вид на санкции законот не предвидува, ниту Бирото за јавни набавки спроведува таков вид на контроли“, вели Факиќ.
Сабина Факиќ.

Сабина Факиќ.


Според неа, сепак постојат некакви законски ограничувања, но факт е дека има ризици и можности за злоупотреба, бидејќи просторот е навистина широк.

„Од аспект на тоа ако ги земеме овие 81 милион евра што се склучени договори преку постапката преговарање без објавување оглас, гледаме дека 17 проценти од нив се склучени со причина од крајна итност. Навистина е нејасно што е тоа што институциите не можеле однапред да го предвидат за да објават оглас, туку морале да одат на директно преговарање. Понатаму 14 проценти од тие пари се потрошени за договори од технички или уметнички причини. Тоа треба да се испита, бидејќи не се само анекс договорите кои се проблематични“, вели Факиќ.

Таа додава дека последните измени на законот кои стапија на сила на почетокот на месецот предвидуваат обврска на институциите пред да склучат анекс договори за изведување на дополнителни градежни работи да бараат одобрение од Советот за јавни набавки.

„Оттука сметаме дека таа обврска треба да се прошири и институциите да треба да бараат одобрение за сите договори кои ќе ги склучат преку таква постапка. На овој начин ќе се подигне нивото на одговорност на институциите и ќе се засили притисокот врз нив да понудат валидни аргументи кога сакаат да ја применат оваа нетранспарентна постапка“, додава Факиќ.

Според Центарот, конкуренцијата на јавните набавки останува иста, а 22,7 отсто од тендерите биле поништени во минатата година, при што се намалила и бројката на жалби што фирмите ги доставиле до надлежната институција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG