Достапни линкови

Поплавите на Балканот со огромни последици врз храната


Голем дел од родот е загубен, земјоделските посеви се уништени, дел од фабриките за храна се под вода, а постои опасност и од т.н хидрични инфекции поради поплавите во регионот.

Учесниците на 7-от Централно европски конгрес за храна кој деновиве се одржува во Охрид повикаа на претпазливост поради поплавите во Хрватска, БиХ и Србија. Според нив, катастрофата која се случи ќе има несогледливи последици врз регионот во целина бидејќи голем дел од родот е загубен, земјоделските посеви се уништени, дел од фабриките за храна се под вода, а постои опасност и од т.н хидрични инфекции.
Исклучително е голем проблемот, бидејќи поплавени се и фабриките за производство храна. Нашите фабрики за производство на дезинфекциони средства работат во три смени бидејќи знаат дека токму сега е потребна дезинфекција. Без помош на Европа тешко ќе може да ја надминеме оваа непогода.

Професорот од факултетот за земјоделство во Белград, Миомир Никшиќ, вели дека без помош од странските фактори тешко дека Србија и регионот ќе го решат сериозниот проблем.

„Исклучително е голем проблемот, бидејќи поплавени се и фабриките за производство храна. Нашите фабрики за производство на дезинфекциони средства работат во три смени бидејќи знаат дека токму сега е потребна дезинфекција. Без помош на Европа тешко ќе може да ја надминеме оваа непогода“, вели Никшиќ.

Власта Пелижота, професор на Прехранбено-технолошкиот факултет во Осијек смета дека регионот ќе изгуби ненадоместливи ресурси.

„Сите гледаме дека има многу големи последици ако се земе превид дека има многу големи штети, не само на земјоделските производи, туку и на сировините и на животните. Многу животни настрадаа или ќе страдаат уште од различни причини. Тоа се ресурси кои тешко ќе може да се надоместат бидејќи тие суровини се основа за производната прехранбена индустрија, но и за текстилната индустрија. Се плашам дека ќе имаме големи штети“, вели Пелижота.
Со Србија ние ќе имаме проблеми со набавка бидејќи се најавува забрана на извоз на жито, шеќер и сончоглед. Не мора да претрпиме некои сериозни штети ако навреме си побараме други пазари.

Професор Владимир Какуринов од Скопје смета дека треба да се води голема грижа за производите кои се внесуваат во земјава.

„Она што е чувство кај граѓаните на Македонија, особено после последните инциденти со млекото во Македонија што беа со афлатоксин, може да кажеме дека системот функционира во Македонија, но треба да биде подобрен и многу повеќе да се внимава на внесување на вакви производи во Македонија. Она што недостасува кај нас е делот на подобрување на технологиите на производството на храна и делот на иновациите“, вели Какуринов.

Борис Анакиев, професор од Земјоделскиот факултет во Скопје, вели дека за Македонија да не ги почувствува последиците од случувањата во Србија навреме треба да најде алтернативни пазари од каде би увезувала пченка и пченица. Според него, Македонија може и да профитира со зголемен извоз на ран зеленчук во погодените подрачја.

„Загубата на производство било и какво да е мора да има извесно влијание тука и на соседите, а може да се одрази глобално. Со Србија ние ќе имаме проблеми со набавка бидејќи се најавува забрана на извоз на жито, шеќер и сончоглед. Не мора да претрпиме некои сериозни штети ако навреме си побараме други пазари. Ако сè не може да се надомести од Бугарија, тогаш треба да се ориентираме на Унгарија и Романија. Ние увезуваме и добиточна храна во висина од 25-30 милиони долари бидејќи не можеме сами да произведеме. Ние можеме да профитираме со извоз на ран зеленчук и овошје кои настрадаа во Србија“, вели Анакиев.

После повлекувањето на водата во некои од погодените региони, властите откриле голем број на трупови на животни што може да предизвика појава на некои болести. Во Македонија и регионот, сметаат упатените, може да има појава на т.н Нилска треска.
XS
SM
MD
LG