Достапни линкови

Нивото на Сава опаѓа, се заканува опасност од зарази


Нивото на Сава на поплавените подрачја на истокот на Хрватска полека опаѓа, но и натаму е тешко во жупаниската Посавина, каде се работи на одбрана на загрозените места и насипи, јави Танјуг.Поради високите температури и излевање септички јами се заканува опасност од зарази, па е ограничен влезот на поплавените подрачја.
На подрачјата се влегува во посебна облека, а кај излезот се и луѓето и возилата се дезинфицираат.
Министерот за здравство Рајко Остојиќ денеска потврди дека не е прогласен карантин во поплавените пордачја на Славонија, истакнувајќи дека на тоа подрачје состојбата е сериозна, но под контрола.
XS
SM
MD
LG