Достапни линкови

logo-print

Путин предупреди дека „украинските радикали“ можат да го попречат снабдувањето на Европа со руски гас


Рускиот претседател Владимир Путин изјави пред официјални претставници од водечки енергетски компании дека Русија е загрижена околу заканите на "украинските радикали " дека ќе го нарушат снабдувањето со гас за Европа. Обраќајќи се на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин зборуваше за оваа наводна закана за снабдувањето со руски гас кој транзитира низ Украина и рече: "Јас нема да се повлечам од тоа дека ние сме сериозно загрижени ". Путин , исто така, ги спомна и повиците за намалување на енергетската зависност на Европа од Русија, велејќи дека Русија секогаш ги исполнува своите договорени обврски за снабдување на Европа со гас и дека "силните забелешки " на сметка на дотурот на руски гас биле " глупави.“Путин рече дека Русија е свесна за европските планови да се прошири кругот на енергетски снабдувачи , но што се однесува на плановите за увоз на гас од САД, Путин рече дека ќе биде поскап за Европа отколку купување на руски гас.
XS
SM
MD
LG