Достапни линкови

Папата пристигна во тридневна посета на Јордан


Папата Френсис беше пречекан на Меѓународниот аеродром на кралицата Алиа во Аман од околу 6.000 луѓе, вклучувајќи го јорданскиот принц Гази бин Мохамед и латинскиот патријарх на Ерусалим Фуад Тваи.
Папата треба да се сретне со кралот Абдула Втори и кралицата Ранија во кралската палата пред да се одржи миса во Аман на Меѓународниот стадион, каде што Ватикан очекува околу 25.000 луѓе, вклучувајќи палестински, сириски и бегалци од Ирак.
Подоцна папата Френсис ќе се сретне со бегалците и децата со посебни потреби во црквата во Витанија надвор Јордан, за која многумина веруваат дека е местото каде што бил крстен Исус.
На 25 мај, папата патува во градот на Западниот Брег, Витлеем каде ќе се сретне со палестинскиот лидер Махмуд Абас и другите палестински лидери.
XS
SM
MD
LG