Достапни линкови

Петмина милитанти убиени во операција во Ингушетија


Петмина милитанти се убиени во безбедносна операција во невралгичната руска северно- кавкашка република Ингушетија. Отсекот на Министерството за внатрешни работи во Ингушетија, соопшти дека безбедносната операција била спроведена во селото Сагопши, во областа Малгобек на 24 мај.
Безбедносните сили барале милитанти во дом каде што престојувал полицаец.
Милитантите одбиле да се предадат и отвориле оган врз безбедносните сили.
Сите петмина милитанти се убиени кога безбедносните сили возвратиле на огнот. Полицаецот и неговата сопруга, исто така, сеубиени.
Лидерот на Ингушетија Јунус-Бек Јевкуров изјави дека убиените милитанти биле одговорни за убиството на секретарот на Советот за безбедност на Ингушетија, Ахмед Kотиев, во август минатата година.
XS
SM
MD
LG