Достапни линкови

Во Трстеник укината вонредната состојба , сеуште е во сила во повеќе српски општини


Вонредната состојба поради поплавите на територијата на српската општина Трстеник е укината со одлука на Штабот за вонредни ситуации, кој констатирал дека животот полека се враќа во нормала и оти населението може да се врати во своите домови. Шефот на Штабот Мирослав Алексиќ, кој е претседател на општината Трстеник им се заблагодарти на сите кои изминатите девет дена биле на терен и сториле се за реалативно брзо да се отстранат последниците од поплавите. Вонредната состојба и натаму е во сила во Шабац и Сремска Митровица, како и во општините Обреновац, Љиг, Уб, Лајковац, Осечина, Параќин, Мионица, Свилајнац, Смедеревска Паланка, Шид, Косјериќ, Бајина Башта, Крупањ, Мали Зворник, Коцељева, Владимирци.Европскиот комесар за регионална соработка Јоханес Хан ќе престојува денеска во Србија, каде ќе се состане со премиерот Александар Вучиќ и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, а потоа ќе ги посети поплавените подрачја.
XS
SM
MD
LG