Достапни линкови

Насилства во Таџикистан, најмалку еден загинат


Најмалку едно лице загина, а двајца се повредени кога толпа ја нападна зградата на безбедносните сили во источниот дел на регионот Горно-Бадакшан во Таџикистан во текот на ноќта. Таџикистанскиот сервис на РФЕ објави дека група демонстранти марширале кон зградата на Службата за национална безбедност во регионалниот главен град Клорух и отвориле оган.
Демонстрантите биле на централниот плоштад Клорух од 21 мај кога при престрелката меѓу осомничени шверцери на дрога и полицијата загинаа две лица, а еден беше ранет.
Владата на Таџикистан има само бледа контрола над Клорух и регионот Горно-Бадакшан откако земјата стана независна во 1991 година.
Регионот е познат рај за шверцери со дрога и оружје како и милитантни групи.
XS
SM
MD
LG