Достапни линкови

logo-print

Кан: руски филм за корупцијата најсилен кандидат за наградата „Златна палма“


На Канскиот филмски фестивал во јужниот дел на Франција на ѕвездената церемонија ќе биде доделена највисоката награда, Златна палма за најдобар филм. За наградата се натпреваруваат 18 филмови за кои ќе одлучува жирито на филмскиот фестивал предводено од режисерот Џејн Кампион од Нов Зеланд. Мешу најдобрите рецензии до сега ги доби филмот кој зборува за локалната корупција во путинова Русија чија премиера се одржа вчера.Филмот „Левиатан“ на Андреј Звјагинцев е приказна за еден семеен човек кој останува без својот дом на крајбрежјето поради градоначалникот на мал град во северниот дел од Русија. Дел од критичарите го нарекуваат филмот уметничко обвинение на современа Русија.
XS
SM
MD
LG