Достапни линкови

logo-print

На ден пред изборите, продолжуваат судирите во источна Украина


На еден дена пред одржувањето на претседатеските избори во Украина се случија нови судири меѓу владините сили и про-руските борци. Сепаратистичките лидери во источна Украина се закануваат дека ќе го блокираат гласањето во областите под нивна контрола, со што изгледите за мир се се помали. Денешните судири се случуваат откако Киев ја продолжи офанзивата во обид да се запре сепаратистичкото востание. Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа пристигна во Киев на 23 мај за да го следи утрешното гласање.
XS
SM
MD
LG