Достапни линкови

Македонија го одбележува денот на светите Кирил и Методиј


Македонија го чевствува Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј. По тој повод, традиционално, македонска државна и црковна делегација ќе одржи молебен на гробот на свети Кирил во Рим во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“. Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе го одбележи атрониот празник и 65 години постоење. Во Богданци ќе се одржи Света архијерејска Златоустова литургија, која ќе ја води бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов, на која првпат ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил.
XS
SM
MD
LG