Достапни линкови

logo-print

Европа никогаш не треба да го прифати она што го прави Путин во Украина


Поранешниот полски претседател Лех Валенса ги критикуваше про-европските украински лидери што не преговарале со поранешната влада во Киев, со што и дале предтекст на Русија за интервенцијата. Во интервју за Радио Слободна Европа, Валенса оценува дека демонстрантите од Мајдан избрале погрешен метод за нивната битка. Тие требаше да влезат во преговори и да издејствуваат предвремени избори, но немаше дијалог со тогашните легални власти, изјави Валенса. Сепак тој додава дека Европа никогаш не треба да ја прифати руската интервенција во Украина и анексијата на Крим. Не треба да го прифатиме она што го направи и го прави Путин, изјави Лех Валенса.
XS
SM
MD
LG