Достапни линкови

Протест на опозицијата во Албанија против дрогата


Албанската опозиција денеска одржа нов мирен масовен протест, со главно барање оставка на премиерот Еди Рама, за кого смета дека е главниот виновник за се она што се случува со дрогата во земјата, јави дописникот на МИА од Тирана.
Протестот се одржа пред Владата во Тирана под мотото „Еден народ на нозе против дрогата“.
Опозицијата тврди дека присуствувале неколку десетина илјади приврзаници на опозицијата, неопределени граѓани, како и отпуштените административци кои веќе трет ден штрајкуваат во поставени шатори пред владата и тврдат дека се отпуштени бидејќи се поддржувачи на десницата.
Обраќајќи се пред насобраната толпа граѓани, лидерот на демократите и актуелен градоначалник на Тирана Љуљзим Баша, обвини дека земјата тоне во дрога во која учесник е првиот човек на владата, Еди Рама и ги повика судските институции да покренат обвинение против премиерот за директно учество во шверцот со дрога и негово помагање.
XS
SM
MD
LG