Достапни линкови

logo-print

Две жртви на вчерашните протести во Истанбул


Две лица починаа од повредите здобиени за време на протестите во Истанбул, што почнаа вчера предпладне и траеја во текот на цела ноќ, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Полицијата вчера употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлале со молотови коктели и камења кон полицијаците.

Судирите почнале кога група од 10 до 15 млади луѓе се собрале во населбата Окмејдан во центарот на Истанбул и почнале да извикуваат пароли за поддршка на еден млад човек повреден при претходните протести во градот, организирани поради минатонеделната несреќа во рудникот во Сома, при која загинаа 301 лице.

Синоќешните протести се одржаа на годишнината од почетокот на демонстрациите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, кои прераснаа во неколкунеделни антивладини протести.
XS
SM
MD
LG