Достапни линкови

Расмусен турка решение за името до септември


На истекот на неговиот мандат и во ситуација на криза во Украина, првиот човек на НАТО се обидува да го придвижи приклучувањето на Македонија на Алијансата до Самитот во септември.

Посетата на Расмусен на Македонија во рамките на неговата регионална турнеја е очекувана како вообичаена посета на еден генерален секретар на НАТО пред истекот на неговиот мандат на Самитот во септември, коментира професор Димитар Мирчев. Сепак, вчерашната изјава на Расмусен дека сега е време да се надмине спорот за името, според Мирчев, може да се протолкува како дел од настојувањата да се придвижи приклучувањето на Македонија кон НАТО во пресрет на претстојниот самит.
Јас сум оптимист дека во наредните неколку месеци до самитот може нешто да се промени во смисла на активирање на поканата на Македонија за членство во НАТО.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

„Јас сум оптимист дека во наредните неколку месеци до самитот може нешто да се промени во смисла на активирање на поканата на Македонија за членство во НАТО“, вели Мирчев.

Политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани даде позитивна оценка за изгледите до следниот самит на НАТО да се активираат напорите да се надмине пречката за членство. Според него, посетата на Расмусен може да претставува дел од обидите за забрзување на приклучувањето на Македонија кон НАТО поради украинската криза.

„Таа изјава е во склоп на многу околности кои се поволни. Настаните во Украина дадоа јасно до знаење дека мултиетничките земји кои не се безбедносно покриени може лесно да бидат плен за разни манипулации од разни центри. Тоа е една од причините повикот на Расмусен Македонија да ги продолжи напорите за наоѓање решение доаѓа во време на поволни околности и на политички план“, смета Ризван Сулјемани.
Настаните во Украина дадоа јасно до знаење дека мултиетничките земји кои не се безбедносно покриени може лесно да бидат плен за разни манипулации од разни центри. Тоа е една од причините повикот на Расмусен Македонија да ги продолжи напорите за наоѓање решение доаѓа во време на поволни околности и на политички план.
Ризван Сулејмани, политички аналитичар.

„Втора причина е што во Македонија дефинитивно имаме влада која има апсолутно мнозинство по етничка основа, каде десницата има скоро 100-процентна поддршка и тоа укажува на добри околности за дефинитивно да се реши ова прашање“, вели тој.

Сулејмани дополнува дека политичката криза и тоа што опозицијата ги врати мандатите не претставува непремостлива пречка за постигнување консензус во државата.

„Во поглед на евроинтеграциите нема некое оспорување, дури и тие се спремни да дадат можност на владата да покаже што знае и умее, односно дали воопшто сака да го реши ова прашање“, вели тој.

Сулејмани признава дека меѓу македонска и грчката страна има сериозни разлики, но не смета оти тие не се непремостливи.

За време на посетата, генералниот секретар на НАТО кажа дека од самитот во Букурешт е познато дека Македонија може да стане членка на Алијансата штом го надмине спорот за името. Премиерот Никола Груевски рече дека правиме максимални обиди за што поскоро решение на прашањето од кое зависи нашето членство, но дополни дека тоа не зависи само од нашата подготвеност, туку и од подготвеноста на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG