Достапни линкови

Лавров - за кризата во Украина е виновен Запад


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на меѓународната конференција за безбедност во Москва изјави дека Западот го предизвика сегашниот конфликт во Украина поради неговата мегаломанија за проширување на геополитичкиот простор на исток " и сега е потребно да ја научат лекција од украинската криза.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пак изјави дека Украина "ефикасно се лизга кон граѓанска војна." Шојгу додаде дека тензијата е вештачки создадена во Европа од т.н. "обоени револуции".
XS
SM
MD
LG