Достапни линкови

Одговорот од МВР само го зголеми сомнежот кој го имаат новинарите кон институциите. Новинарките сега може да се обратат до Уставниот суд, а потоа и до Стразбур, но очекувањата дека може нешто да се смени се мали.

Не се обезбедени никакви докази оти материјалите на новинарките биле избришани. Ова е заклучокот што Секторот за внатрешна контрола на Министерството за надворешни работи го донесе во исклучително брза постапка. За помалку од 24 часа, испрашаа 34 полицајци, подготвија белешки од разговорите и побараа од новинарите да доставаат дополнителни информации кои евентуално би помогнале во докажување на случајот и утврдување на вистината.
Она што им стои на располагање е да поднесат барања до Уставен суд за тој да утврди евентуална повреда на слободата на изразување. Следна инстанца е судот во Стразбур меѓутоа за да ги исцрпат домашните правни лекови мора да се обратат до Уставниот суд.

Но, според адвокатот Филип Медарски, едноставно не е можно да се достават повеќе докази за случувањата во Ѓорче Петров доцна вечерта во вторникот освен самиот исказ на новинарките. Тој објаснува дека ако имаат конкретна одлука од МВР следната инстанца на која може да се обратат е Управниот суд.

„Во оваа ситуација бидејќи се работи само за известување мислам дека не можат да одат пред Управен суд. Во оваа ситуација она што им стои на располагање е да поднесат барања до Уставен суд за тој да утврди евентуална повреда на слободата на изразување. Следна инстанца е судот во Стразбур меѓутоа за да ги исцрпат домашните правни лекови мора да се обратат до Уставниот суд“, вели Медарски

Здружението на новинари, пак, веќе има искуство со Уставниот суд. Тие поднесоа претставка поради отстранувањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември 2012 година. Но, во април годинава судот одлучи дека потегот на обезбедувањето бил во функција на заштита на новинарите. Претходно и ЗНМ се обрати до Секторот за внатрешна контрола на МВР но тогаш констатираа дека немало пречекорување на овластувањата ниту прекумерна употреба на сила. И овој случај сега во судот во Стразбур.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска смета дека без разлика на тоа што постојат законски можности за понатамошна постапка, претходното постапување на институциите во слични предмети ги обесхрабруваат новинарите да очекуваат заштита.
За жал поради отсуството на доверба во објективноста на постапувањето на државните органи што се засегнати од овие постапки на државните органи се губи дека нешто може да се издејствува во нивна полза.

„За жал поради отсуството на доверба во објективноста на постапувањето на државните органи што се засегнати од овие постапки на државните органи се губи дека нешто може да се издејствува во нивна полза или да биде одлучено објективно согласно законот и уставните начела“, вели Петковска.

Според неа и вчерашниот одговор од полицијата остава сериозен сомнеж за објективноста на спроведената внатрешна контрола. Петковска оценува и дека во овој случај се потврдиле како што вели двојните аршини кои институциите ги имаат кон новинарите што известуваат критички наспроти оние кои само афирмативно известуваат за владините активности.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG