Достапни линкови

Шојгу - Украина ефикасно се лизга кон граѓанска војна


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на меѓународна конференција за безбедност во Москва изјави дека Украина "ефикасно се лизга кон граѓанска војна."

Шоигу изјави дека тензијата е вештачки создадена во Европа од т.н. "обоени револуции" .

"Странските вредности им се сервираат принудно на луѓето под маската на демократијата", рече Шоигу.

Шоигу изјави и дека сличен процес се случува во Венецуела ", каде што легитимна влада се соочува со отпор од т.н. демократска опозицијата, која се финансира од странство."
XS
SM
MD
LG