Достапни линкови

Украина - изборната кампања финишира, на истокот насилства


Кандидати на претседател на Украина денеска ја финишираат изборната кампања за изборите закажани за 25 мај, а вториот круг е на 15 јуни.

Фаворит е 48 - годишниот кондиторски магнат Петр Порошенко, а меѓу 20 те кандидати е и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Во меѓувреме, вчера, 17 украински војници беа убиени од страна на про-руската сепаратисти на истокјот на земјата.

Порошенко ветува дека за 3 месеци ќе ја реши кризата во Украина ако биде избран за претседател.
XS
SM
MD
LG