Достапни линкови

Продолжуваат изборите за Европскиот парламент


Денеска гласачите во Чешка и во Ирска го бираат составот на новиот Европски парламент. Изборите во овие две држави следуваат откако вчера се изјаснуваше електоратот во Холандија и во Обединетото кралство.

Во Латвија, Малта и Словачка ќе се гласа утре. Изборите во останатите 21 европска земја ќе се одржат во недела. Вкупно околу 400 милиони луѓе во Унијата имаат право на глас. Тие бираат 751 пратеник што ќе ги претставуваат во парламентарниот состав од 2014 до 2019 година.
XS
SM
MD
LG