Достапни линкови

Убиени 14 украински војници


Украинскиот привремен претседател Олександр Турчинов соопшти дека 13 војници се убиени од сепаратисичките сили во регионот Донецк.

Министерството за одбрана претходно информираше дека еден војник е убиен во друг напад во регионот Луганск. Нападите се најсмртоносни за украинските воени сили откако пред шест недели почна офанзивата против руските сепаратисти кои прогласија таканаречени народни републики во два источни региони.

До нападите доаѓа два дена пред одржување на претседателските избори во Украина закажани за 25 мај.
XS
SM
MD
LG