Достапни линкови

Убиен демонстрант во Турција


Еден човек бил убиен од залутан гумен куршум во Турција за време на судирите меѓу полицијата и антивладините демонстранти.

Турски официјални лица соопштија дека 30 годишниот маж не бил на протестот, туку присуствувал на погреб кога полицијата се пресметувала со насобраните граѓани кои биле во близина. Човекот бил погоден во главата од гумен куршум, а починал неколку часа подоцна во болница.

Демонстрантите протестираат поради владиниот неуспех да обезбеди безбедносни стандарди во приватниот рудник во Сома во кој минатата недела загинаа 300 работници.
XS
SM
MD
LG