Достапни линкови

Нападнат индиски конзулат во Авганистан


Авганистанската полиција соопшти дека три вооружени лица го нападнале индискиот конзулат во западната провинција Херат.

Полицијата информираше дека двајцата напаѓачи се убиени од авганистанските безбедносни сили накратко откако почнал нападот додека третиот продолжил да се пресметува со нив. Сите вработени во конзулатот се безбедни.

Ниту една група засега не ја презема одговорноста на нападот.
XS
SM
MD
LG