Достапни линкови

Сончево со температура до 30 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
XS
SM
MD
LG