Достапни линкови

Вето на Русија и Кина околу Сирија


Русија и Кина ставија вето на нацрт резолуцијата со која се предвидува Меѓународниот кривичен суд да истражи злосторства против човештвото и воени злосторства во Сирија. Другите членки на Советот за безбедност, како што се дознава, ја поддржале оваа француска иницијатива. Ова е четврти пат Русија и Кина да блокираат некаква акција на Обединетите нации во Сирија. Во воениот конфликт меѓу владините сили и бунтовниците кој трае веќе четири години загинале над 150 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG