Достапни линкови

Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор Лалакос


Грчкиот амбасадор во Македонија Харис Лалакос за вереме на неговата денешна средба во Тетово со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што се наведува во соопштението на оваа партија, изјавил дека во Грција има готовност да се интензивираат разговорите за постигнување компромис со Македонија во рамките на процесот што се води во Обединетите нации. Ахмети пак, како што е наведено, ја подвлекол готовноста на ДУИ за директен придонес кон постигнување компромисно решение.
XS
SM
MD
LG