Достапни линкови

logo-print

Русија бара објаснување од принцот Чарлс за коментарите за Путин


Русија побара официјално објаснување од Велика Британија за наводните коментари на принцот Чарлс кој ги споредил сегашните акции на рускиот претседател Владимир Путин во Украина со постапките на Хитлер. Британските медиуми јавија дека неколкумина сведоци го слушнале принцот Чарлс со таков коментар за време на посетата на Канада при разговор со една жена која побегнала од нацистите. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека доколку се точни таквите информации, тоа е неприфатливо. Од резиденцијата на принцот Чарлс соопштија дека не коментираат приватни разговори.
XS
SM
MD
LG