Достапни линкови

logo-print

Армијата ја превзеде власта на Тајланд


Шефот на армијата на Тајланд, генерал Прајут Чаноча, во денешното телевизиско обраќање соопшти дека армијата ја превзела власта во државата и оти ќе воспостави ред и ќе предложи реформи. До ваквата објава доаѓа по дводневните состаноци меѓу лидерите на владејачките и опозиционите партии во Тајланд, на кои не беше постигнат договор за надминување на кризата предизвикана од анти-валдините протести и падот на владата. Чаноча изјави дека воениот удар во земјата нема да има влијание врз односите на Тајланд со другите држави.
XS
SM
MD
LG