Достапни линкови

Позитивен и негативен ефект од поплавите врз стопанството


Елементарните непогоди во соседството ќе отворат работа за градежните компании и ќе го зголемат извозот на земјоделски производи, велат експертите. Но, сепак порачуваат дека штетите не се во корист никому.

Поплавите во соседството ќе имаат и позитивен и негативен ефект врз македонскиот бизнис, велат упатените. Според едни, Србија е еден од нашите поголеми надворешно трговски партнери, поради тоа што стопанствата на двете земји се компатибилни и елементарната непогода во земјата, негативно ќе се одрази врз бизнис соработката. Други, пак, сметаат дека ова е шанса за стопанствениците и очекуваат развој на економијата.
Тоа што сигурно сега ќе се случи ќе се случат реновирања и тоа не само на згради и куќи, туку пред се мислам на инфраструктура. Тука Македонија може многу да понуди, а сигурно дека ќе биде најконкурентна заради квалитетот на нашето градежништво и близината на пазарот.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов очекува по поплавите да се отвори работа за градежниот сектор, кој е еден од движечките сили на нашата економија.

„Тоа што сигурно сега ќе се случи ќе се случат реновирања и тоа не само на згради и куќи, туку пред се мислам на инфраструктура. Тука Македонија може многу да понуди, а сигурно дека ќе биде најконкурентна поради квалитетот на нашето градежништво и близината на пазарот“, вели Витанов.

Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека во идниот период треба да се фокусираат на тоа што ќе се случи со бизнис релациите на Македонија со Србија, особено во земјоделството. Помош од Македонија за Србија и БиХ

Помош од Македонија за Србија и БиХ



„Многу од компаниите сега во Србија трпат материјална штета и производствените процеси им се прекинати и ќе има една пауза во соработката и тоа не може позитивно да биде. Во однос на земјоделството, бидејќи нивната реколта во голем дел е уништена, ние ќе можеме да го зголемиме извозот, меѓутоа во конкуренција со сите соседни пазари“, вели Чекреџи.
Многу од компаниите сега во Србија трпат материјална штета и производствените процеси им се прекинати и ќе има една пауза во соработката и тоа не може позитивно да биде.

Но, сепак, според него, соработката во земјоделството е двонасочна, односно и увезуваме и извезуваме во нашиот северен сосед, главно житарици.

„Од друга страна не може да се каже дека катастрофата нешто позитивно за Македонија ќе донесе, затоа што и во земјоделието ние голем дел од нашите ресурси ги увезуваве од таму. Пред се мислам на житарици, пченки итн. Во секој случај таквите елементарни непогоди носат само штета на бизнисот. Не може да се каже дека некаква корист ќе има било кој“, вели Чекреџи.

Според Витанов, некои индустрии ќе претрпат привремени штети.

„Но, долгорочно особено прехрамбената индустрија исто така ќе има можност за бенефиции“, вели тој.

Витанов е оптимист дека по природната катастрофа и депресијата во која се наоѓаше економијата во регионот во изминатите години сега работите ќе тргнат на подобро.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG