Достапни линкови

Иран верува дека во јули ќе биде постигнат договор за нуклеарната програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран и 6-те светски сили веројатно ќе го склучат финалниот договор за иранската нуклеарна програма до 20-ти јули. Можеме да го постигнеме тоа, изјави Рохани на денешната прес конференција во Шангај, каде што присуствува на регионалниот безбедносен форум. На 16-ти мај во Виена заврши четвртата рунда преговори меѓу Иран и Велика Британија, САД, Кина, Русија, Франција и Германија, но без конкретен прогрес.
XS
SM
MD
LG