Достапни линкови

9-мина украински војници загинале во престрелка со про-руски сепаратисти


Најмалку 8-мина припадници на украинските безбедносни сили загинале, а 18 биле повредени во текот на изминатата ноќ при престрелка со про-руски сепаратисти во источна Украина. Според украински извори, до престрелката дошло на околу 20 километри јужно од Доњецк. Украинските сили се судриле со сепаратистите и во регионот на соседен Луханск, каде што загинал еден украински војник.
Во Меѓувреме, руското министерство за одбрана соопшти денеска дека неколку воза со оружје, опрема и војници веќе заминале од пограничниот регион со Украина. НАТО нема сигнали за позначително повлекување на руските сили.
XS
SM
MD
LG