Достапни линкови

Над 30 убиени во напад на пазар во Кина


Најмалку 31 лице биле убиени, а 90 повредени кога напаѓачи со две возила, фрлале бомби на пазар во градот Урумчи во Кина, кој е претежно населен со муслимански ујгури. Регионалната влада оцени дека станува збор за сериозен терористички инцидент. Според официјален Пекинг, зачестените инциденти и терористички напади во тој регион се дело на исламистички екстремизам, подржан од странски групи. Критичарите велат дека безбедносните ризици се пренагласени со цел да се оправдаат острите мерки, додека пак вистинските причини за тензиите се економската нееднаквост и религиозната репресија врз ујгурите.
XS
SM
MD
LG