Достапни линкови

Во Белград донаторска конференција за поплавените на Балканот


Во Белград денеска ќе се одржи донаторска конференција за помош во санирањето на последиците од поплавите на Балканот. Евро-комесарот за регионална политика, Јоханес Хан изјави дека Србија, како земја канидат за членство во Европската Унија, може да добие помош од Европскиот фонд за солидарност, но сумата ќе биде позната ова лето. Босна и Херцеговина, која истоа така беше тешко погодена од поплавите, не е кандидат за членство во ЕУ и не може да добие пари од тој фонд. Меѓутоа, Хан истакна дека со извесни фондови на ЕУ ќе и биде помогнато и на БиХ. Во меѓувреме, водата веќе се повлекува од некои поплавени региони, но од друга страна, во Белград опасноста уште не е помината.
XS
SM
MD
LG