Достапни линкови

logo-print

Вучиќ: Во поплавите животите ги загубија 27 лица


Во Србија во поплавите животот го загубија вкупно 27 лица, од кои најмалку десет или 11 починале од природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

.Најдовме луѓе кои бегале во џип, мислејќи дека ќе ја избегнат водата, а се извлече само еден човек, рече српскиот премиер.

До синоќа официјално беа потврдени 22 жртви во поплавите, од кои 14 во Обреновац и една во Свилајнац, додека за останатите лица не е прецизирано каде го загубиле животот
XS
SM
MD
LG