Достапни линкови

Повеќе меѓународни компании го откажаа присуството на рускиот бизнис форум


Поради улогата на Русија во кризата во Украина ,извршните директоти на десетици големи меѓународни компании го откажаа своето присуство на тридневниот меѓународен бизнис форум што почнува денеска во Санкт Петерсбург. Во Германија, извршните директори на Дојче банк и на Сименс потврдија дека нема да учествуваат на настанот. Триесетина други меѓународни фирми исто така го откажале присуството на форумот, со кој утре ќе претседава рускиот претседател Владимир Путин . Владата на САД упати апел до американските директори да го откажат нивното присуство на форумот.
XS
SM
MD
LG