Достапни линкови

Бајден во посета на Кипар


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден кој е во посета на Кипар се очекува денеска да се заложи за нови разговори за повторно обединување на поделениот остров. Бајден, исто така, се фокусира на санкциите против Русија поради анексијата врз Крим и улогата во кризата во Украина. Ова прашање е чувствително во Никозија, бидејќи Русите имаат милијарди долари во кипарските банки. Кипар е единствената држава во ЕУ која не е ниту во НАТО ниту во Партнерството за мир. Но кипарскиот претседател Никос Aнастиадес ги коригираше политиките на Кипар повеќе во корист на Вашингтон и Европа, за разлика од неговиот претходник.
XS
SM
MD
LG