Достапни линкови

Бајден ја предупреди Русија во врска со украинските избори


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден ја предупреди Москва да не ги
поткопува претстојните украински претседателски избори. САД мора да бидат решителни во спроведувањето на санкции против Москва, рече Бајден вчера во Букурешт каде имаше средба со романскиот претседател Трајан Басеску. Тој рече дека може да бидат преземени построги мерки ако дојде до нарушување на изборите на 25 мај .Бајден беше во Букурешт во рамки на кампањата на Вашингтон да ги убеди источноевропските сојузници на САД за поддршка на Западот во конфронтацијата со Русија околу Украина.
XS
SM
MD
LG