Достапни линкови

Помош од Прилеп за поплавениот Балкан


Прилеп се мобилизираше да собере помош за поплавените подрачја на Балканот. Пари, храна, вода, хигиенски производи се собираат на неколку пунктови во градот, за да им се помогне на граѓаните во Србија и во Босна и Херцеговина.

Прилепската локална самоуправа организира хуманитарната акција за помош на настраданите во подрачјата на Балканот кои се зафатени од катастрофалните поплави. На пункт во центарот на градот, но и во просториите на Општинскиот Црвен крст се донира без прекин. Се мобилизира и бизнис секторот. Речиси и да нема стопанственици кои не се отповикаа на поканата и иницијативата на локалната власт да се собере и испрати потребаната помош на граѓаните кои се соочуваат со последици од стравотните поплави.
Сите се со максимално расположени да се помогне на тие наши пријатели до максимум што може.


„Сите се со максимално расположени да се помогне на тие наши пријатели до максимум што може, според тоа расположението е одлично, одговара и тоа ме радува посебно, кај стопанствениците мислам пред се“, истакна Симон Наумоски, претседателот на Управниот одбор на регионалната стопанска комора од Прилеп.

Има организации кои имаат свои претставништва во Србија и Босна, кои и пред иницијативата донираа производи во илјадници евра, има други кои освен помош во производи, ќе донираат парични средства, се собираат по 300 денари од работник за да им се помогне на соседите на граѓаните во Босна и Хрватска.
Јас поаѓам од себе си, кога би ни се случила нам таква работа, сигурно би чекале некој да ни помогне.


„Точно се определија кои производи може да се донираат и што се може да се донира, со цел да се ублажи ситуацијата со загрозените лица од овие поплави, во наредниот период, во наредниот период ке биде осбрана позамашна сума на средства од градот, финансиски зборувам“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

А, граѓаните несебично даруваат, отворени се вратите на општинската организација на Црвен Крст каде многу млади волонтери учествуваат во селектирање и пакување на донациите коишто ќе бидат испратени во Србија и Босна и Херцеговина.

„Се што треба, облека, за хигиенски потреби, сето ..мислам да излезе во помош.“

„Јас поаѓам од себе си, кога би ни се случила нам таква работа, сигурно би чекале некој да ни помогне.“

„Сепак треба да се помогне, кој колку може.“

„Треба секому да се помогне, тоа може да му се случи секому.“

Прилепските советници ќе одржат и вонредна седница на колја ке бидат договорени нови активности и мерки за помош која ке биде испратена во загрозените подрачја.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG