Достапни линкови

Старите липи во центарот на Охрид се исечени. граѓаните и еколозите негодуваат, локалните власти тврдат дека старите дрвја се заменуваат со нови, поубави и пофункционални.

Липи стари и по неколку децении почнаа да се сечат во центарот на Охрид долж улицата Партизанска. Охриѓани и туристите со кои разговаравме не го поддржуваат овој потег и велат дека секаде во светот старите дрва се одржуваат, а не се сечат.
Според мене тоа не е ниту стручно ниту системски како што треба да се возообнови еден дрворед. Тоа само прави несогледлива штета бидејќи овие дрвореди беа едни од симболите на Охрид.

Липите беа обележја на градот, пред се поради длабоките сенки кои ги правеа во текот на летото и поради нивниот раскош. Одговорот од Јавното претпријатие Охридски комуналец е дека старите липи веднаш ќе бидат заменети со украсни дрва од видот „Лигуструм“ и оти станувава збор само за реконструкција на дрворедот.

Но, граѓаните со сосема спротивно мислење.

„Но требаше ова да го направат. Но надлежните си водат сметка за тоа. Овие липи постојат тука од кога јас знам, уште кога јас бев дете. Кому му текна да ги сече не ми е јасно. Дрвото треба да се заштити, а последно е сечењето“, рече еден охриѓанец.
Целта на стручните служби е да ги заменат старите дрвја со нови, поубави и пофункционални, а без недостатоците кои ги имаа старите. Истите за 5-7 години ќе имаат убави и големи крошни.

„Ова е многу грда глетка“, рече друг охриѓанец.

„Не треба да ги сечат липите, тие го чистат воздухот и држат сенка. Кој донел ваква одлука, дрвата треба да бидат заштитени со закон. Во Европа ги одржуваат, а тука се исечени. Ова е многу погрешна донесена одлука, не знам кој му дал право, вели турист.

„Се уништуваат бели дробови, а без бели дробови никој не може да дише“, вели турист.

„Ова е скрос промашена инвестиција. Градот личеше со нив сега не личи на ништо, рече жител на Охрид.

Дејан Пановски екологист во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро рече дека и сега како и пред три години на еден несистемски начин се вршела сеча на дрва во Охрид. Пред три години беше исечен дрворедот со липи на улицата Димитар Влахов.

„Според мене тоа не е ниту стручно ниту системски како што треба да се возообнови еден дрворед. Тоа само прави несогледлива штета бидејќи овие дрвореди беа едни од симболите на Охрид. Фактот дека за десеттина години ќе пораснат нови дрва не се никаков суптитут за она што до сега го имавме. Тажно, сурово и непотребно бидејќи се работи генерално за здрави дрва на кои им беше потребно можеби во оваа фаза само уредување на крошните, а не од корен отстранување, рече Пановски.

„Граѓаните имаат право да негодуваат и да искажуваат револт, имаат право да критикуваат и да мислат поинаку. Но, најчесто прибирам податоци од луѓе кои разбираат и работаат на одредена проблематика. Денес сум среќен што граѓаните пројавија висока еколошка свест преку критиките и коментарите кои имав можност да ги погледнам, иако за волја на вистината не прочитав многу аргументирани ставови. За жал, најголем дел од нив произлегуваа од луѓе кои не сме ги виделе до сега да земат учество во акциите „Засадија својата иднина" на денот на дрвото. Имено, целта на стручните служби е да ги заменат старите дрвја со нови, поубави и пофункционални, а без недостатоците кои ги имаа старите. Истите за 5-7 години ќе имаат убави и големи крошни“, напиша градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на својот фејсбук профил.

Борис Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“, вели пред три години со тогашните локални власти било договорено да се оди со постепена динамика со заменување липите и паралелно со отстранувањето на тие дрва да се оди со засадување на поодраснати дрва за да побрзо се зафаќаат.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG