Достапни линкови

ДУИ го осуди убиството на Ангел и апелира да не се става во етнички контекст


ДУИ денеска го осуди убиството на Ангел Петковски од Ѓорче Петров и, како што истакнуваат од партијата, насилните протести што се случиле во понеделникот, апелирајќи притоа случајот да не се става во етнички контекст.

„Домашната јавност е потресена од убиството на еден млад човек, чин кој е за осудување и за жалење од сите нас, затоа на семејството на починатиот му изразуваме длабоко сочувство. Според официјалните податоци, убиството нема етнички и верски мотиви, па оттука тенденциите случајот да се стави во етнички контекст, се неодговорни и за осудување. Исто така, го осудуваме вандалното однесување во текот на насилните протести во понеделникот, се вели во соопштението од партијата.

Од ДУИ ги повикуваат сите граѓани да ја зачуваат нивната ладнокрвност и воздржаност и заедно со институциите да дадат придонес кон враќање на редот и безбедноста.
XS
SM
MD
LG