Достапни линкови

МВР - СДСМ не се стави во одбрана на јавниот ред


Министерството за внатрешни работи попладнево реагираше на денешната прес-конфренција на СДСМ која обвини дека во вчерашниот протест во Ѓорче Петров полицијата применила сила врз жени и деца, како и дека попречувала новинари во нивната работа.

„СДСМ во ниту еден момент не се стави во одбрана на јавниот ред и мир и не го осуди вандалското однесување на поединци кои немаа намера мирно да протестираат. Напротив цел на нападот на партијата, повторно беа професионалните полициски службеници кои ги ризикуваат своите животи за да не дозволат одреден број хулигани да успеат во своите намери за одмазда и дестабилизирање на состојбата, се наведува во реакцијата.

МВР нагласува дека благодарение на соодветната полициска интервенција, биле спречени поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и несакани ескалирања на состојбата, како и прелевање на инцидентите во соседните општини.
XS
SM
MD
LG