Достапни линкови

Босна и Србија ги пресметуваат штетите од поллавите


Босна и Србија започнаа да ги пресметуваат штетите од катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 49 лица, а над 150.000 ги напуштија своите домови.

Официјални лица сметаат дека закрепнувањето од поплавите ќе чини неколку милијарди евра.

Во Босна, властите стравуваат дека штетата може да ја надмине онаа предизвикана од војната во деведесетите години.

ЕУ соопшти дека е голема веројатноста оти Србија ќе се квалификува за фондовите за помош при катастрофа на Унијата.
XS
SM
MD
LG