Достапни линкови

ОБСЕ со осуда на насилните протести


Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет

Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет

Мисијата на ОБСЕ во Скопје жали за трагичната загуба на еден млад живот во Ѓорче Петров, по што следеа дводневни немири. Знаеме дека властите го испитуваат ова кривично дело, затоа сега е од исклучително значење да им се препуштат работите на истражните и судските органи. Потребна е солидарност со семејството на жртвата, а не насилни протести и уништување имот, вели шефот на Мисијата, амбасадорот Ралф Брет, додавајќи: Во минатото граѓаните на оваа земја покажаа способност да се зближат во тешки моменти. Ги повикуваме сите да се свртат кон овие вредности. Ниту една заедница не треба да носи колективна одговорност за делата на една индивидуа.
XS
SM
MD
LG