Достапни линкови

logo-print

Газпром и Кина постигнаа договор за гасот


Руската државна компанија Газпром го потпиша долгоочекуваниот меморандум за разбирање со Кина за договор за рускиот гас. До ова дојде денеска на маргините на посетата на претседателот Владимир Путин на Шангај каде што се одржува самит посветен на безбедноста на Азија. Не се соопштени детали од договорот. Сепак, се верува дека станува збор за испорака на руски гас на Кина од 38 милијарди кубни метри годишно во наредните 30 години преку нов источен гасовод. Неофицијално зделката се проценува на 400 милијради долари. Русија и Кина десет години работеа на овој договор, но тој не беше постигнат претходно пради недоразбирањата околу цените на гасот.
XS
SM
MD
LG