Достапни линкови

ОН подготвени за помош на поплавениот Балкан


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост поради разорното дејство на поплавите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Во денешното негово соопштение тој укажувајќи на итната потреба на населението за вода за пиење, храна, шатори и лекови, наведува дека Обединетите нации се подготвени да обезбедат дополнителна помош. Во соопштението се додава дека во поплавените подрачја биле евакуирани над 70 илјади луѓе и оти илјадници куќи се без вода и струја.
XS
SM
MD
LG