Достапни линкови

Кина повика на соработка за безбедноста во Азија


Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска во Шангај повика на поблиска соработка во борбата против тероризмот. На отворањето на четвртата Конференција за градење мерки за интеракција и доверба во Азија, тој изјави дека е неопходно лидерите на собирот да етаблираат нова регионална безбедносна архитектура. На самитот учествуваат, меѓу другите и претседателите на Русија и на Иран Владимир Путин и Хасан Рохани, како и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Во оваа група се вклуечни 26 земји, меѓу кои Египет, Индија, Пакистан и Турција. Соединетите држави и уште осум земји учествуваат на собирот како посматрачи.
XS
SM
MD
LG