Достапни линкови

Пентагон: имало извесно движење на руските војници


Претставник на Пентагон денеска изјави дека Соединетите држави забележале извесно движење на руските војници покрај границата, но оти не станува збор за големо повлекување. Претходно, украинските власти соопштија дека руските војници се повлекле од 10 километарската зона на границата со Украина. Сепак, тие не ги потврдуваат наводите на Москва дека целосно ги повлекла своите војници од тоа подрачје. Пред претседателските избори закажани за 25 мај, украинските власти денеска организираат уште една тркалезна маса за национално единство со цел запирање на бунтот на проруските сепаратисти кои контролираат десетина градови во источна Украина.
XS
SM
MD
LG