Достапни линкови

Во Пакистан убиени десетици милитанти


Пакистанската војска соопшти дека во воздушни напади изведени денеска во регионот на границата со Авганистан биле убиен триесетина милитанти, вклучувајќи и неколкумина нивни команданти. Во меѓувреме, локалните медиуми јавија дека во офанзивата на пакистанската војска во текот на изминатата ноќ во Северен Вазиристан биле убиени 80 талибанци. Тие од 2007 година се борат против властите во Исламабад и во минатиот месец го прекинаа примирјето што требаше да создаде услови за мировни разговори меѓу двете страни.
XS
SM
MD
LG