Достапни линкови

logo-print

Белград се подготвува на големи води од Сава и Дунав


Доброволци во Белград забрзано подигнуваат насип од вреќи со песок во должина од 12 километри како што нивото на водата расте кај сливот на Сава во Дунав. Експертите предвидуваат дека нивото на Дунав ќе се зголеми во наредните денови, но оти нема да ги пробие заштитните насипи. Претходно властите во Србија и во Босна и Херцеговина предупредија на епидемии на заразни болести по поплавите кои однесоа скоро пеесет човечки животи. Во Србија од денеска е тридневна национална жалост.
XS
SM
MD
LG