Достапни линкови

Киев: руските војници се повлекле од границата, но нецелосно


Украинските власти соопштија дека руските војници се повлекле од 10 километарската зона на границата со Украина. Сепак, во соопштението не се потврдуваат наводите на Москва дека целосно ги повлекла своите војници од тоа подрачје. Вчера Пентагон соопшти дека нема никакви докази оти Русија ги повлече 40 илјади војници од границата. Пред претседателските избори закажани за 25 мај, украинските власти денеска организираат уште една тркалезна маса за национално единство со цел запирање на бунтот на проруските сепаратисти кои контролираат десетина градови во источна Украина. Во меѓувреме, најбогатиот украинец Ринат Ахметов оцени дека проруските сепаратисти биле бандити кои би можело да предизвикаат геноцид.
XS
SM
MD
LG